Трамп: Иранскиот претседател да внимава што зборува

Од:

Претседателот на САД Доналд Трамп го предупреди иранскиот претседател Хасан Рохани дека е „подобро да внимава“ на своите изјави, во услови на пораст на тензиите меѓу двете земји по инаугурацијата на Трамп, пренесува БТА.

– Подобро да внимава, изјави Трамп пред новинарите, кои го придружуваа во претседателскиот авион на пат за Флорида, а како одговор на прашањето за изјавата на Рохани, дадена неколку часа претходно.

– На иранскиот народ треба да се зборува со респект. Кој го користи јазикот на заканата, иранскиот народ ќе го натера да зажали, изјави Рохани на прославата на 38-годишнината од Исламската револуција од 1979 година пред стотици илјади луѓе во Техеран.

На 2 февруари Трамп упати предупредување до Иран по обвиненијата дека Техеран го прекршил нуклеарниот договор со Западот и извршил пробно лансирање на балистичка ракета.

Неодамна САД воведоа нови санкции врз Иран поради ракетниот тест.

Трамп и голем број претставници во блиското опкружување се критички настроени кон склучениот во 2015 година нуклеарен договор меѓу Иран и шесте големи сили (САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија), со кој се ограничува иранската нуклеарна програма во замена за делумно поништување на меѓународните санкции.

Белата куќа соопшти дека Трамп разговарал во последните денови за „иранската закана и малициозни активност на Иран на Блискиот Исток” во телефонски разговори со премиерот на Ирак Хајдер ал Абади и емирот на Кувајт шеикот Сабах ал Ахмад ал Џабер ал Сабах, истакнува ТАСС.

Би можело да ве интересира

Трамп планира да депортира 240.000 Украинци

Маск и Трамп отпуштаат 80.000 вработени во министерството за ветерани

Блиски соработници на Трамп тајно се среќаваат со ривалите на Зеленски

Катерина Ѓуровски

Трамп му се закани на Хамас

(ВИДЕО) Клучен самит на ЕУ лидерите: Подготвени сме на кошмарно сценарио

Новинарот Свон му пиша на Трамп: Укинете ги санкциите на Бајден за руските медиуми

Горан Наумовски