Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го предупреди Техеран дека си „игра со оган“ и оти кон Иран нема да биде „така љубезен“ како што беше неговиот претходник.
– Јас не!, објави Трамп на Твитер.
Во исто време се огласи и шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф со порака дека Иран „не е погоден од американските закани“, додавајќи оти Техеран никогаш нема да иницира војна.
Зариф реагираше на вчерашната порака на Трамп на Твитер во која употребувајќи големи букви, наведе дека Иран е „формално предупреден поради истрелувањето на балистичките ракети“.
Трамп додаде и дека Иран „треба да биде благодарен“ за договорот, кој по негово мислење е ужасен за САД.
– Иран беше на колена и пред колапс пред САД да им пружат спасоносна помош во облик на договор: 150 милијарди долари – тврди Трамп.