Трамп: Иран се согласи да нема нуклеарно оружје

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека Иран се согласи да нема нуклеарно оружје.

Трамп, исто така, во интервју за подкастот „Pod Force One“ рече дека иранскиот ајатолах Моџтаба Хамнеи е вклучен во преговорите со САД.

„Тие веќе се согласија дека нема да имаат нуклеарно оружје“, рече Трамп.

Во истото интервју, Трамп призна дека имал жесток разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, велејќи дека не е задоволен од конфликтот на Израел со Либан, објави Ројтерс.

„Не би рекол дека сум лут. Бев малку вознемирен од неговите постојани конфликти со Либан, знаете“, рече Трамп, истакнувајќи дека се сложува многу добро со Нетанјаху.

Би можело да ве интересира

Рубио: Нема напредок во преговорите со Иран, барањата на Техеран се неприфатливи

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Џефрис: Хегсет мора да си оди, ја загрози националната безбедност на САД

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Техеран ѝ се закани на Америка со разорен одговор, Аракчи порача: „Ќе ги видите резултатите“

Трамп сакаше шефот на УФЦ да биде портпарол на Белата куќа, го одби