Трамп: Иран не може да има нуклеарно оружје

Од:

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека Иран не може да има нуклеарно оружје, без оглед на ставовите на меѓународните актери, вклучувајќи ги Ватикан и папата Лав XIV.

– Без разлика дали го правам Папата среќен или не, Иран не може да има нуклеарно оружје, рече Трамп во Белата куќа, одговарајќи на прашањата на новинарите за неговиот неодамнешен судир со папата Лав XIV, објави Њујорк пост.

Тој рече дека тоа ќе биде пораката што државниот секретар Марко Рубио треба да ја пренесе за време на претстојните разговори со поглаварот на Римокатоличката црква.

„Се чини дека некој рекол дека Иран може да има нуклеарно оружје, но јас тврдам дека не може. Инаку, целиот свет би бил заложник, а ние нема да го дозволиме тоа“, рече Трамп.

Американскиот претседател го повтори својот став дека спречувањето на Иран да развие нуклеарно оружје е клучен приоритет на американската политика.

Папата Лав XIV денес изјави дека е должност на црквата јасно да го осуди секое зло и да прогласи мир и да се залага за сиромашните, експлоатираните и жртвите на војната.

Би можело да ве интересира

Рубио: Нема напредок во преговорите со Иран, барањата на Техеран се неприфатливи

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Џефрис: Хегсет мора да си оди, ја загрози националната безбедност на САД

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Техеран ѝ се закани на Америка со разорен одговор, Аракчи порача: „Ќе ги видите резултатите“

Трамп сакаше шефот на УФЦ да биде портпарол на Белата куќа, го одби