Трамп: Иран го бомбардираше сопственото училиште, убивајќи 168 девојчиња

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ги обвини иранските сили за нападот врз основно училиште во јужен Иран, во кој загинаа најмалку 168 деца и 14 наставници.

„Врз основа на она што го видов, тоа беше Иран. Тие се многу непрецизни кога станува збор за оружје“, им рече Трамп на новинарите во авионот „Ер Форс Уан“, велејќи дека „САД ја добиваат војната“, објави Си-Ен-Ен.

Трамп, исто така, рече дека иранската муниција е „многу неточна“.

Сепак, овие тврдења на американскиот претседател се спротивставуваат на анализите на американските и другите медиуми, како и на експертите кои укажуваат дека американската војска е веројатно одговорна за смртоносниот напад врз училиште во Иран.

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, исто така, го обвини Иран за нападот врз основното училиште, велејќи им на новинарите дека Иран е „единствената страна што ги таргетира цивилите“.

Американската телевизиска мрежа CNN претходно објави сателитски снимки, геолоцирани видео снимки, јавни изјави на американски официјални лица и проценки на експерти за муниција кои укажуваат дека основното училиште „Шаџара Тајиба“ во Минаб било погодено на 28 февруари, приближно во исто време кога американските сили веројатно извршиле напад врз блиската поморска база на Корпусот на Исламската револуционерна гарда.

Би можело да ве интересира

Премиерот на Канада генијално му одговори на Трамп

ВИДЕО: Откриена вистинската причина за посетата на директорот на ЦИА на Москва

Трамп: Нема место за шеријатот во САД

Техеран го обвини Вашингтон за „економски тероризам“ и побара реакција од ОН

Трамп конечно проговори за посетата на Ретклиф во Москва

Иран и Оман постигнаа договор за Ормутскиот теснец, и покрај противењето на САД