Трамп: Иран е пред колапс, нè информираа дека сакаат да го отворат Ормутскиот теснец

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својот профил на социјалните мрежи Truth Social дека Иранците сакаат да го отворат Ормутскиот теснец.

Како што наведе во објавата, Иран наводно ги информирал САД дека е во „состојба на колапс“ и сега се обидува да ја реши ситуацијата со раководството на земјата.

– Иран штотуку нè информираше дека е во „состојба на колапс“. Тие сакаат што поскоро да го „отвориме Ормутскиот теснец“ додека се обидуваат да ја решат ситуацијата со нивното раководство (што верувам дека ќе можат да го сторат!). Ви благодарам за вашето внимание по ова прашање, напиша Трамп на Truth Social.

Би можело да ве интересира

Рубио: Нема напредок во преговорите со Иран, барањата на Техеран се неприфатливи

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Ирак постигна договор со САД: Нафтата повторно ќе минува низ Ормутскиот теснец

Горан Наумовски

Џефрис: Хегсет мора да си оди, ја загрози националната безбедност на САД

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Техеран ѝ се закани на Америка со разорен одговор, Аракчи порача: „Ќе ги видите резултатите“