Доналд Трамп ја објави својата втора изјава „Truth Social“ по пукањето во саботата во Пенсилванија.
„Ви благодариме на сите за вашите мисли и молитви вчера, бидејќи само Бог спречи да се случи незамисливото. Нема да се плашиме, туку наместо тоа, ќе останеме издржливи во нашата вера и пркосни пред злото. Нашата љубов е кон другите жртви и нивните семејствата, се молиме за оздравување на повредените, а во срцето го чуваме споменот на еден граѓанин кој толку страшно настрада“, рече тој.
Во изјавата, поранешниот републикански претседател рече дека со нетрпение очекува да зборува во Висконсин, каде оваа недела ќе се одржи Националната конвенција на Републиканците.
„Во овој момент е поважно од кога било да останеме обединети и да го покажеме нашиот вистински карактер како Американци со тоа што ќе останеме силни и одлучни“, напиша Трамп.
Републиканската конвенција ќе се одржи од 15 до 18 јули во Милвоки, Висконсин.