Трамп им предложи на неговите приврзаници да организираат контрапротести

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп им предложи на своите поддржувачи да организираат контрапротести, кои ќе ја надминат бројката на учесниците во протестните акции на неговите противници.

– Можеби треба милиони граѓани кои гласаа за тоа „Америка да ја направиме повторно голема“ да одржат свои протести. Тие ќе биде најбројни досега, напиша Трамп на Твитер.

Од стапувањето на власт на Трамп во САД се одржуваат протести проив неговата политика, на кои се собираат од неколку стотици до стотици илјади лица.

На 22 јануари на „Маршот за жените“ на улиците на Њујорк излегоа околу 400 илјади лица, според податоци на полицијата.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ќе работиме конструктивно со Трамп за да постигнеме брз и траен мир

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа

Трудо: Трговската војна би можела да продолжи во догледна иднина

Америка ќе депортира 240.000 Украинци од САД

NBC: Трамп може да ги брани само членките на НАТО само ако трошат повеќе за одбраната

Трамп ги паузира и царините за Канада