Трамп: ИД ќе плати висока цена

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Исламска држава ќе плати висока цена за секој напад врз САД.

Тој посочи дека американската армија „многу посилно“ ја напаѓа ИД во последните два дена откако џихадистичката група презеде одговорност за нападот на Менхетан.

– ИД штотуку соопшти дека дегенерираното животно, кое уби и тешко ги повреди прекрасните луѓе на Вест Сајд бил „нивен војник“. Поради тоа, нашата армија го нападна ИД „мноу посилно“ во изминатите два дена. Скапо ќе платат за секој напад врз нас!, напиша Трамп на Твитер.

Во нападот со камионет во Њујорк загинаа осум лица, а 12 се повредени.

Би можело да ве интересира

Трамп ја укина наредбата на Бајден за извештаите за употреба на американско оружје

Путин го пофали Трамп, му нуди руски, но и украински минерали

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

Трамп ја затвора клучната база на Балканот

Макрон: Целта на Франција е да изгради цврст, траен мир во Украина

Трамп: Путин дозволи европски мировници да бидат стационирани во Украина