Трамп и Џипинг телефонски разговараа за севернокорејската нуклеарна програма

Од:

Кинескиот претседател Кси Џинпинг се заложи за мирно надминување на проблемот со севернокорејската нуклеарна програма за време на денешниот телефонски разговор со својот американски колега Доналд Трамп, соопшти кинеската државна телевизија, цитирана од британските медиуми.

– Подготвени сме да одржуваме контакти со САД за ова прашање, изјави Кси Џинпинг во разговорот со Трамп.

Трамп вчера изјави дека е подготвен да го реши проблемот „и без Кина“, потсетуваат француските медиуми.

Во разговорот со Трамп кинескиот претседател, исто така, изјави дека Пекинг се залага за политички пат и мирни преговори за надминување на сириската криза.

– Сплотеноста на Советот за безбедност на ОН е многу важна во решавањето на сирискиот проблем, сметаме на сплотеноста на Советот за ова прашање, подвлече Кси Џинпинг, цитиран од ТАСС.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

„Економист“: САД се најголемата сила во светот, но Трамп не може да војува со сите

Четиричлено семејство загина во пожар во станбен комплекс во Канзас Сити

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД