• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Свет

Трамп: Хутите никогаш повеќе нема да ги потонат нашите бродови

by А1он05/04/2025 - 11:41999
Share0

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, сподели видео од неодамнешниот воздушен напад врз јеменските Хути и рече дека тие „никогаш повеќе нема да потонат американски бродови“.

Добивај вести на вибер

„Овие Хути се собраа да добијат инструкции да нападнат. Упс, нема да има напад на Хутите! Тие никогаш повеќе нема да ги потонат нашите бродови“, напиша Трамп на својот профил на мрежата „Truth Social“.

Соединетите Американски Држави вршат секојдневни воздушни напади против Хутите поддржани од Иран веќе 20 дена, откако Хутите повторно им се заканија на израелските бродови минатиот месец, откако Ерусалим ја прекина хуманитарната помош за Појасот Газа.

Советникот за национална безбедност Мајк Волц кон крајот на минатиот месец изјави дека „овие момци се како Ал Каеда или ИСИС“, со напредни крстаречки ракети, балистички ракети и некои од најсофистицираните системи за воздушна одбрана.

Безбедносните експерти посочуваат дека нападите на Хутите не се случајни, бидејќи тие не се насочени кон кинески или саудиски бродови.

Трамп во понеделникот испрати и порака до Иран, предупредувајќи дека доколку нападите не престанат, Вашингтон ќе се сврти кон Техеран.

hutitramp

Би можело да ве интересира

Трамп со нова стратегија: „Договорот е веќе постигнат“

Горан Наумовски02/02/2026 - 11:1602/02/2026 - 11:42

Трамп најавува брз договор меѓу САД, Данска и Гренланд за Арктикот

Горан Наумовски02/02/2026 - 08:2202/02/2026 - 08:38

Трамп: Кубанската влада е подготвена да падне

Горан Наумовски02/02/2026 - 07:10

Трамп: Се надевам на договор со Иран, ако не ќе видиме дали ајатолахот е во право

Катерина Ѓуровски01/02/2026 - 21:08

(ВИДЕО) Трамп: Ако Кина ја преземе Канада ќе го укине хокејот

Катерина Ѓуровски01/02/2026 - 09:34

Шокантни документи на ФБИ за поврзаноста на Трамп со Епстин

Катерина Ѓуровски01/02/2026 - 08:3601/02/2026 - 08:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен