Трамп го увери Навроцки дека ќе ја поддржи Полска во случај на безбедносна закана

Од:

Полскиот претседател Карол Навроцки разговараше по телефон со американскиот претседател Доналд Трамп за упадите на руските беспилотни летала во полскиот воздушен простор, изјави Марчин Пжидац, функционер во кабинетот на Навроцки, додавајќи дека Полска има силна поддршка од американската страна.

„Америка цврсто ја потврдува својата посветеност на сојузничката поддршка за Полска. Во овој поглед, претседателот Трамп рече: „Ние стоиме со Полска, ние сме обврзани со сојуз, а Полјаци, не плашете се од ништо, ако нешто ја загрозува вашата безбедност, тогаш мора да реагираме“, рече Пжидац за разговорот меѓу двајцата лидери.

Според него, Трамп ги пофалил и способностите на полските војници, нивната реакција и одлуката да соборат руски беспилотни летала, пренесува агенцијата ПАП.

Би можело да ве интересира

Трамп тврди дека е постигнат договор меѓу САД и Иран за нуклеарниот материјал: „Ќе го ископаме заедно!“

Би-Би-Си: Примирјето со Иран е делумна победа за Трамп, но доаѓа со висока цена

Си-Ен-Ен: Трамп упати силна закана, а потоа се повлече, цената може да биде висока

Трамп: Ќе има многу позитивни акции, ќе се заработат многу пари

Трамп повторно се огласи: Ќе има напад каков што никогаш порано не виделе

Трамп: Цела цивилизација ќе умре вечерва