Трамп го предупреди Иран дека времето истекува, се закани со моќен напад

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ги повика иранските власти да седнат на преговарачка маса, заканувајќи се дека ако не го сторат тоа, САД ќе започнат напад помоќен од оној минатата година, во кој американските сили го нападнаа Иран и неговите нуклеарни постројки.

„Се надеваме дека Иран брзо ќе седне на преговарачка маса и ќе преговара за фер и праведен договор што нема да вклучува нуклеарно оружје, таков што е добар за сите страни. Времето истекува, тоа е навистина неопходно“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

Тој изјави дека претходно го поканил Иран на преговори, што Техеран, според него, го одбил, по што следеше воената акција „Операција полноќен чекан“ на 22 јуни минатата година.

„Следниот напад ќе биде многу полош. Не дозволувајте да се случи повторно“, рече Трамп.

Тој повтори дека голема армада американски воени бродови пловила кон Иран.

„Тоа е поголема флота, предводена од големиот носач на авиони „Абрахам Линколн“, од онаа испратена во Венецуела. Како и во случајот со Венецуела, таа е подготвена, спремна и способна брзо да ја заврши својата мисија, со брзина и сила, доколку е потребно“, рече Трамп.

Претседателот на САД претходно изрази верување за време на митинг во Ајова дека Иран ќе се согласи на договор.

Еден ден претходно, ударната група на носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“ беше распоредена на Блискиот Исток поради тензиите предизвикани од насилните протести во Иран, соопшти Централната команда на САД.

Би можело да ве интересира

Рускиот дизел утре тргнува за Америка

ВИДЕО: „Време е да се каже отворено, Доналд е виновен за цените на горивата“

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден да не беше еден многу глупав руски генерал

(ВИДЕО) Трамп збесна на новинар: Тишина, тишина, дали си ти болен

Катерина Ѓуровски

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат