Трамп го нервира поместувањето од летно на зимско време: Доста е овој апсурд

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го повика американскиот Сенат што поскоро да гласа за укинување на поместувањето на часовникот од летно на зимско сметање на времето.

Во уште една објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп порача дека Сенатот мора итно да се произнесе за ова прашање.

„Сенатот мора што поскоро да гласа за Законот за укинување на поместувањето на часовникот. Повеќе дневна светлина во подоцнежниот дел од денот е подобро, вклучително и за борбата против криминалот! Но, што е уште поважно – доста е од ова апсурдно поместување на часовникот двапати годишно, со сите нарушувања и хаос што ги предизвикува. Решете го ова конечно“, напиша американскиот претседател.

Предлог-законот веќе го усвои Претставничкиот дом на САД со 308 гласа „за“ и 117 „против“. Со него се предвидува летното сметање на времето да остане трајно, наместо часовникот секоја есен да се враќа еден час наназад.

„Со години големо мнозинство Американци бараа летното сметање на времето да стане трајно, но ниту една администрација не успеа правилно да го спроведе тоа, сè до сега. Гордо објавувам дека Претставничкиот дом го усвои законот и дека сега е упатен до Сенатот на конечно одобрување“, напиша Трамп во средата на Truth Social.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп го одби планот, Иран повикува на дипломатија

Судија му нареди на Трамп да ги врати CNN и Politico во Белата куќа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп се закани дека ќе го „уништи“ Иран во говорот пред ОН, додека претставници на двете земји се сретнаа во Њујорк

(ВИДЕО) Потпишан договорот за Гренланд: САД добиваат бази, територијален интегритет на Данска

ВИДЕО: Има слика, нема тон – војната со медиумите му се удри од глава на Трамп

Катерина Ѓуровски

Водечките ТВ мрежи, меѓу кои и Fox News, престанаа да го следат Трамп во знак на поддршка за CNN