Трамп го назначи Ричард Гренел за специјален претседателски пратеник

Од:

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави дека ќе го назначи Ричард Гренел, поранешниот шеф на Националната разузнавачка служба, за пратеник на претседателот за специјални мисии и политика кон некои непријателски држави, вклучително и Северна Кореја.

„Рик ќе работи на некои од најжешките точки во светот, вклучувајќи ги Венецуела и Северна Кореја“, објави Трамп на својата платформа „Truth Social“, без да даде детали за новите должности на Гренел, кој беше специјален пратеник на претседателот за преговори меѓу Белград и Приштина од 2019 до 2021 година.

Гренел претходно беше американски амбасадор во Германија, како и вршител на должноста директор на Националната разузнавачка служба за време на мандатот на Трамп, кој траеше од 2017 до 2021 година.

Откако го поддржа Трамп во овогодинешната предизборна кампања, тој беше еден од главните кандидати за функцијата државен секретар на САД – функција на која, сепак, беше назначен сенаторот Марко Рубио.

Гренел се сметаше и за кандидат за специјален пратеник за војната во Украина, но таа функција ќе ја пополни пензионираниот генерал-полковник Кит Келог.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

ТикТок објави дека од утре престанува да работи во САД

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Инагурацијата на Трамп преместена на затворено, оди и Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Трамп планира да ги назначи криптовалутите како национален приоритет за САД

Орбан: Ќе се раздени ново утро на Западот откако Трамп ќе ја преземе власта

Трамп ги именуваше Гибсон, Сталоне и Војт за специјални претставници во Холивуд