Трамп гo бојкотира „Вашингтон пост“

Од:

Доналд Трамп, најизвесниот кандидат на Републиканската партија за претседателските избори во САД, изјави дека веќе нема да издава акредитации за новинарите на весникот „Вашингтон пост“.

Трамп соопшти и дека на неговите предизборни митинзи нема да има место за новинарите на еден од реномираните и најтиражните весници во САД.

– Со оглед на исклучително погрешното известување за кампањата на Трамп, ги укинуваме новинарските акредитации за лажливиот и нечесен „Вашингтон пост“ – се вели во соопштение на официјалната фејсбук-страница на можниот иден претседател.

„Вашингтон пост“ ангажираше цел тим новинари да напишат книга за Трамп, која би требало да биде издадена до крајот на оваа година.

Би можело да ве интересира

Трамп: Утре ќе биде голем ден, ќе кажам се како што е

Трамп најавува дека пет главни криптовалути ќе бидат дел од стратешката резерва на САД

Маск: САД треба да ги напуштат НАТО и ОН

„Њујорк Тајмс“: Трамп денеска ќе донесе одлука за прекин на воената помош за Киев

Ројтерс: Официјален претставник на УСАИД предупреди на последиците од недавањето помош, а потоа испратен на одмор

Хегсет: Америка ги суспендира операциите против Русија