Трамп ги удвои царините за челик и алуминиум

Од:

Американските тарифи за повеќето увезени челик и алуминиум ќе се удвојат денеска, во денот кога претседателот Доналд Трамп очекува трговските партнери да ги дадат своите „најдобри понуди“ за да избегнат воведување царини за други стоки на почетокот на јули.

Трамп доцна синоќа потпиша извршна наредба со која стапува во сила минатонеделната ненадејна објава дека царините за челик и алуминиум воведени во март ќе бидат зголемени од 25 на 50 отсто. „Почнавме со 25 отсто, а кога повнимателно ги погледнавме податоците, сфативме дека тоа е голема помош, но треба да направиме повеќе. Затоа одиме на 50 отсто“, рече економскиот советник во Белата куќа, Кевин Хасет.

Зголемувањето се однесува на сите трговски партнери освен Британија, единствената земја која досега има привремен трговски договор со САД. Тарифата за увоз на челик и алуминиум од Британија, која не е главен извозник на метали во САД, ќе остане на 25 отсто најмалку до 9 јули.

Околу една четвртина од железото што се користи во САД се увезува, а податоците од Заводот за статистика покажуваат дека повисоките царини особено ќе влијаат на најблиските американски трговски партнери – Канада и Мексико. Канада е првиот, а Мексико трет извозник на железо во САД.

Канада е уште поизложена на тарифи за алуминиум бидејќи е убедливо најголемиот извозник на метал во САД – двојно повеќе од другите десет водечки извозници заедно. Речиси половина од алуминиумот во САД доаѓа од странски извори.

Кабинетот на канадскиот премиер Марк Карни објави дека тој е „ангажиран во интензивни преговори за отстранување на овие и други царини“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Сакам да ја решам Куба пред да заминам, не ја исклучувам воената опција

Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

ВИДЕО: Трамп нарече глупак новинар кој го праша до кога ќе му попушта на Путин

(ВИДЕО) Републиканец покрена импичмент на Хегсет: Можеби сега ќе ги нарекува луѓето дебели и пе*ери“

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Трамп сакаше шефот на УФЦ да биде портпарол на Белата куќа, го одби