Трамп формираше работна група за борба против коронавирусот

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп формираше работна група за борба против ширењето на новиот коронавирус од Кина.

Според портпаролката Стефани Гришам, работната група веќе одржала три состаноци во рок од неколку дена.

– Работната група ќе ги координира напорите на администрацијата за следење, контролирање и спречување на ширење на вирусот и ќе гарантира дека Американците имаат најточна информација за здравјето и патувањата, се наведува во соопштението.

Белата куќа истакнува дека ризикот за зараза кај Американците останува низок.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски