Трамп е убеден дека владата ќе го победи судот

Од:

Претседателот Доналд Трамп предвидува дека неговата влада ќе излезе како победник од жалбената постапка по одлуката на федералниот судија Џејмс Робарт, со која привремено се запираат ограничувањата на имиграцијата, наметнати со неговиот претседателски указ, пренесопа британските медиуми.

– Ќе победиме. Во име на безбедноста на нашата земја, ќе победиме – рече тој пред новинарите во одморалиштето Мар-а-Лаго, во Палм Бич, на Флорида, непосредно откако Министерството за правда до Апелацискиот суд во државата Вашингтон ја поднесе информацијата дека има намера да ја обжали судската наредба, издадена од судијата Робарт.

Трамп се наоѓа на викенд на Флорида, во приватен голф клуб, каде во балската сала ќе присуствува на годишна донаторска гала вечера, организирана од Меѓународниот Црвен крст.

Околу 3.000 демонстранти синоќа протестираа пред голф клубот против указот на Трамп, пренесоа американските медиуми. Протестот почна со митинг пред Трамп Плаза, 30-катните небодери близнаци во Вест Палм Бич, по што демонстрантите прошетаа два километра до летувалиштето Мар-а-Лаго. Тие скандираа пароли против Трамп и носеа ковчег, завиен со националното знаме како олицетворение на смртта на американската демократија.

Федералниот судија од Сиетл, Џејмс Робарт, во петокот, привремено ја укина забраната на Трамп за влез во САД на државјани од седум муслимански земји.

Министерството за правда вчера го предупреди федералниот Апелациски суд во државата Вашингтон дека ќе ја обжали одлуката на судијата.

Би можело да ве интересира

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска