Трамп доби предупредување, Иран сака да го убие

Од:

Американската разузнавачка служба го предупреди поранешниот претседател на САД и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп за заканите од Иран дека ќе го убијат, соопштија од изборниот штаб на Трамп.

Во соопштението се наведува дека американската разузнавачка служба го информирала Трамп за „реалните и конкретни закани од Иран дека ќе го убие во обид да се дестабилизира и да сее хаос во САД“, објави Би-Би-Си.

„Официјални лица од разузнавањето идентификуваа дека овие постојани и координирани напади се интензивираа во текот на изминатите неколку месеци“, се вели во соопштението, истакнувајќи дека службениците за спроведување на законот од сите агенции работат на тоа Трамп да биде заштитен и да нема мешање во претседателската работа.

Британскиот јавен сервис наведува дека не е јасно дали се работи за нови закани или за претходно пријавени.

Трамп на платформата Х објави дека има големи закани по неговиот живот од Иран и дека Техеран „веќе направи потези кои не успеаја, но ќе се обиде повторно“.

Трамп му се заблагодари на Конгресот што одобри повеќе средства за Тајната служба.

Иранската влада не одговори веднаш на барањето на Би-Би-Си за коментар, но Техеран претходно ги негираше тврдењата на САД за мешање во американските работи.

Трамп го преживеа обидот за атентат на 13 јули, кога беше ранет на митинг во Пенсилванија, а мотивот за нападот се уште не е утврден и останува под истрага.

Друг обид за атентат беше извршен против Трамп на 15 септември кога агент на Тајната служба забележа пушка како продира низ оградата на голф-клубот на Трамп во Флорида.

Американските обвинители го обвинија Рајан Весли Рут, кој беше уапсен во близина на теренот за голф, за обид за убиство на Трамп.

Би можело да ве интересира

Најжестокиот напад на Трамп кон Зеленски: „Украина ја нема, не можам да ги заменам мртвите“

Горан Наумовски

Малку е веројатно дека Трамп ќе се сретне со Зеленски за време на неговата посета на САД

Трамп: Зеленски посакува победа на демократите на претседателските избори во Америка

Харис ја зголемува предноста пред Трамп покажуваат најновите анкети

Трамп: Ако загубам на овие избори, нема да се кандидирам во 2028 година

(ВИДЕО) Ѕвездата на OnlyFans направи хаос на митингот на Трамп: На сите им ги покажа голите гради