Трамп денеска ќе се појави пред суд во Њујорк

Од:

Доналд Трамп пристигна во Њујорк, каде што се сретна со своите адвокати пред денешното историско судење под обвинение дека прикрил исплати на порно актерката Сторми Даниелс.

Трамп e единствениот претседател во историјата на САД обвинет за кривично дело. Toj ќе им се предаде на властите во Менхетен пред да се појави пред државниот суд во Њујорк. Се очекува рочиштето да биде кратко.

Поротата на Менхетен сослуша докази за исплата на 130.000 долари на порно актерката Сторми Даниелс пред крајот на претседателската кампања во 2016 година.

Даниелс рече дека била платена да молчи за нејзината врска со Трамп во хотел во Лејк Тахо во 2006 година. Трамп негира дека некогаш имал каква било врска со неа.

Се уште не се познати точките од обвинението. Трамп рече дека е невин и тој и неговите сојузници ги прикажуваат обвиненијата како политички мотивирани.

„ЛОВ НА ВЕШТЕРИ, додека нашата некогаш голема земја оди во пеколот!“, напиша Трамп на социјалните мрежи пред да замине за Њујорк.

Судијата Хуан Мерчан забрани употреба на дигитални уреди во судницата на сослушувањето на Трамп, но ќе дозволи пристап до некои фоторепортери пред да започне сведочењето.

Судијата рече дека мобилните телефони и лаптопите не можат да се користат во судницата за време на сослушувањето на поранешниот американски претседател, а камерите ќе бидат дозволени во ходникот пред да започне судењето.

Наредбата дојде откако правниот тим на Трамп побара од судијата Мерчан да го одбие барањето на медиумските организации, вклучително и NBC News, да дозволи пристап до неговото обвинение на „ограничен број“ видеографи, фотографи, радио-репортери, како и репортери од печатени медиуми.

Би можело да ве интересира

Нема веќе за што да дискутираме, Трамп одби нова дебата со Харис

Поддржувачите на Трамп масовно го откажуваат Нетфликс

ВИДЕО: Кој победи во потпреседателската дебата во САД

Аналена Бербок: Трамп шири лажни вести за Германија, во наш интерес е да ги одржуваме врските со САД

Горан Наумовски

Трамп ја нарече Харис „ментално пореметена“ и „ментално хендикепирана“

Горан Наумовски

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ