Трамп денес ќе разговара телефонски со рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе разговара телефонски со рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина, изјави извор запознаен со ова прашање за „Аксиос“.

Телефонскиот повик ќе се случи еден ден пред Трамп да го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа.

Се очекува Трамп и Зеленски да разговараат за можноста Украина да добие ракети со долг дострел „Томахавк“.

Белата куќа не одговори веднаш на барањето за коментар.

Трамп минатата недела изјави дека му објаснил на Зеленски дека може да му постави нов ултиматум на Путин: „или Русија ќе започне сериозни мировни преговори, или Украина ќе добие „Томахавк“.

Би можело да ве интересира

Трамп: Политичките затвореници во Венецуела имаа среќа што САД се појавија

Трамп издаде извршна наредба за заштита на венецуелската нафта

Трамп разгледува опции против Иран, иранскиот режим уби најмалку 538 луѓе за две недели

Трамп: Предлагам кубанските власти да постигнат договор пред да биде предоцна

Кличко: Киев остана без одбрана, немаме ресурси да ги запреме руските напади

Хамнеи: Ако Трамп е толку способен, нека ја води својата земја

Горан Наумовски