Трамп: Ако загубам на овие избори, нема да се кандидирам во 2028 година

Од:

Доналд Трамп во интервју емитувано денеска ја отфрли можноста да се кандидира на претседателските избори во САД во 2028 година во случај на пораз на изборите во ноември. „Не, не се гледам себеси во тоа, не се гледам себеси. Мислам дека ова ќе биде тоа“, рече републиканскиот кандидат (78) во емисијата „Full Measure“.

Сепак, поранешниот претседател изјави дека верува во успех на 5 ноември, кога ќе му се спротивстави демократката Камала Харис.

Откако претседателот Џо Бајден се повлече од претседателската трка, исходот од претседателските избори е понеизвесен од кога било. Доналд Трамп и Камала Харис се израмнети во неколку држави кои најверојатно ќе бидат одлучувачки за севкупниот исход на изборите.

Доналд Трамп, кој никогаш не го призна поразот од Џо Бајден во 2020 година, неколку пати во последните месеци одби да се обврзе безусловно да ги признае резултатите од ноемвриските избори.

Би можело да ве интересира

Харис ја зголемува предноста пред Трамп покажуваат најновите анкети

(ВИДЕО) Ѕвездата на OnlyFans направи хаос на митингот на Трамп: На сите им ги покажа голите гради

Трамп рече дека „најверојатно“ ќе се сретне со Зеленски

ВИДЕО: Атентаторот на Трамп 12 часа се криел во грмушки пред да биде откриен

Трамп: Пукаа во моја близина, никогаш нема да се предадам

ВИДЕО: Со калашников дошол на 400 метри од Трамп, втор обид за атентат во два месеци

Катерина Ѓуровски