Трамп: Ако нема договор, премиерот на Израел ќе се вика Мухамед

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп на средбата со кралот на Јордан изјавил дека Израел ќе има премиер кој ќе се вика Мухамед ако нема решение за палестинско-израелскиот конфликт.

Израелскиот телевизиски канал „10“ денеска објави дека тоа Трамп го изјавил во полу-шеговит тон, во Белата куќа во јуни при посетата на јорданскиот крал, а откако кралот Абдула рекол дека многу млади Палестинци сакаат „една држава со еднакви права”.

Телевизијата наведува дека Трамп му рекол на кралот Абдула дека ако не дојде до договор меѓу Палестинците и Израелците, за неколку години Израел ќе има премиер кој ќе се вика Мухамед.

Канал 10 соопшти дека тоа е потврдено од израелски и поранешни американски официјални лица кои присуствувале на состанокот, како и јорданската амбасада во САД.

Би можело да ве интересира

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

Макари: Сакаме примирје со Израел, правиме дипломатски напори

Израелски медиуми: Авиони го бомбардираа засолништето на шефот на Хезболах со повеќе од 80 тони бомби

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците