Трајно затворена црквата во која е крстена Кејт Мидлтон

Од:

Англиканската црква „Сент Ендрју“ во англиската област Бекшир, во која е крстена војвотката од Кембриџ, Кетрин „Кејт“ Мидлтон, изминатиот викенд ја одржа својата последна богослужба.

Оваа 160 години стара црква е затворена поради малиот број верници и затоа што стана премногу скапо нејзиното натамошно одржување.

Во оваа црква во 80-те години на 20-от век се крстени војводката и нејзината помлада сестра Пипа Мидлтон, па по врската на Кетрин со принцот Вилијам и подоцнежниот нејзин брак со вториот по ред претендент на британслиот престол, таа стана позната во тој дел на Англија.

Но, малкуте верници од малото место Бредфилд, кои доаѓаа на црковните служби, ја направија оваа црква економски нерентабилна за одржување и покрај тоа што таа се „прослави“ откако беше објавено дека таму пред повеќе од 30 години, е крстена потенцијалната идна британска кралица.

Оваа црква не е единствената што ја доживуваа судбината да биде затворена поради мал број верници и немање средства за нејзиното одржување.

Последниве десетина година, неколку стотина цркви и верски објекти, главно низ Англија, беа затворени поради овие причини. Црквите потоа се продаваат и се пренаменуваат за разни други потреби.

Најчесто како објекти на разни хуманитарни организации, како библиотеки, или како сали за културно-уметнички приредби,но некаде се преуредени и во ноќни клубови или се адаптираат во станови.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство