Трагичен крај по пронаоѓањето на хеликоптерот, нема преживеани

Од:

Откако доцна синоќа се откри локацијата на паднатиот хеликоптер „Сикорски С-58 ЕТ“ во јужниот дел на Перу, денес спасувачките екипи потврдија дека нема преживеани.

Сите 14 патници кои досега се водеа како исчезнати не ја преживеале несреќата. Хеликоптерот е пронајден на 4.900 метри надморска висина.

Досега до теренот беше невозможно да се стигне поради густата магла и снегот.
Во хеликоптерот патуваа осум Јужнокорејци, еден Швеѓанец, Чех, Холанѓанец и тројца Перуанци, од кои двајца пилоти.

Министерството за надворешни работи на Сеул потврди дека патниците биле на деловно патување таму. Тие биле инжинери кои рабетеле на проект за градење на хидроцентрала.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драма во Лондон: Комбе влета во пешаци, има мртви и повредени

Несреќа во Сараево: Дете падна од четврти кат

ВИДЕО: Се урна покривот на трговски центар во Перу, меѓу загинатите и дете

(ВИДЕО) Се урна зграда во Каиро, најмалку десет мртви

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вучиќ по денешниот инцидент: Не сум повреден, надлежните ќе откријат што се случи со автомобилот

(ВИДЕО) Се откачи тркало од автомобилот со кој патуваше Вучиќ

Горан Наумовски