Трагедија во Словенија: Дете почина во паркиран и вжештен автомобил

Од:

Словенечките пожарникари извлекoa дете без знаци на живот во населбата Свети Ловренц во градот Преболд од вжештен автомобил кој бил заклучен и оставен на сонце. Трагедијата се случила денеска, а детето во автомобилот го забележал случаен минувач.

И покрај брзата интервенција на случајните минувачи и укажаната прва помош, детето не можело да се спаси и починало на лице место, соопштија од Управата за заштита и спасување.

На местото на настанот брзо пристигнал спасувачки хеликоптер, но за жал ниту тоа не помогнало.

Националниот институт за јавно здравје на Словенија објави апел до родителите:

„Не оставајте деца во паркиран автомобил! Екстремните температури можат да бидат фатални. Никогаш не оставајте никого во затворен паркиран автомобил. Ниту една минута. Децата не треба да си играат во автомобилот. Чувајте ги клучевите и далечинските управувачи на безбедно. Пред да заминете автомобилот, отворете ја задната врата и проверете дали е детето во него“, наведуваат од Институтот.

Би можело да ве интересира

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

Дете падна од балкон на четврти кат од зграда во Сараево, почина во болница

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Деветгодишно дете од Свети Николе почина на Детска клиника

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година