Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Од:

Пет лица загинаа во пожар во нелиценциран хостел во јужна Полска, соопштија денеска властите, откако пожарот беше изгаснат. Дванаесет други возрасни лица беа евакуирани на безбедно од запалената зграда, соопштија пожарникарите во малиот шлезиски град Пшов.

„Кога пожарникарите пристигнаа на местото на настанот, ја затекнаа целата двокатна зграда и поткровјето во пламен“, рече портпаролот на противпожарната служба.

Пожарот се проширил многу брзо, поради што веројатно пет лица не успеале навреме да стигнат на безбедно, додаде тој.

На местото на настанот пристигнале вкупно 120 пожарникари со 34 амбулантни возила, напиша портпаролот на Министерството за внатрешни работи Јацек Добржински на Х.

– Гости во хостелот биле градежни работници, јави полската ТВН24.

Според раководителот на подрачната администрација, операторот на хостел немал дозвола за работа.

Би можело да ве интересира

Полска ја засилува границата со Русија: Се стравува од упад на вооружена група

Стуб го демантира „Фајненшел тајмс“ за разговорот со Путин

Туск за кризата во Полска ја обвини опозицијата, но и „руските ботови“

Туск: Судија нема да попушти пред агресивен насилник, мирот не може да се зачува преку попуштање

А1он

(ВИДЕО) Протести и судир со полицијата во Полска – премиерот Туск е обвинет за државен удар

А1он

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ