Во сообраќајна несреќа на автобус со членови на младинскиот тим на Хамбол Бронкос во канадската провинција Саскетс, загинаа 14 хокеари.
Несреќата се случи кога возилото удри во камион со приколка. Тамошните медиуми објавија дека играчи на возраст од 18 до 21 година биле во автобус и дека имало вкупно 28 лица вклучувајќи го и возачот.
I cannot imagine what these parents are going through, and my heart goes out to everyone affected by this terrible tragedy, in the Humboldt community and beyond. https://t.co/2cIn2CTy08
— Justin Trudeau (@JustinTrudeau) April 7, 2018
Несреќата се случила синоќа во близина на Тиздејл, на 300 километри од главниот град на покраината Реџин.
Во критична состојба се тројца повредени.
Младите хокеари патувале на петтиот натпревар од плеј-оф серијата против Нипавина.