ТПЛФ подготвен за мировни преговори со Владата на Етиопија

Од:

Народниот фронт за ослободување на Тиграј (ТПЛФ), кој приближно две години војува со Владата на Етиопија, соопшти дека е подготвен на прекин на огнот и би прифатил мировен договор под патронат на Африканска Унија (АУ).

Подготвени сме веднаш да се придржуваме до заемно договорениот прекин на непријателствата, соопшти ТПЛФ, додавајќи дека веќе формирале тим преговарачи.

Во јуни, владата на Етиопија ја повика АУ да помогне во започнувањето на мировните преговори. Федералните власти претходно изјавија дека сакаат да преговараат без предуслови.

ТПЛФ е во војна со централната етиопска Влада од ноември 2020 година. Бунтовниците го обвинуваат премиерот Аби Ахмед за централизирање на власта на сметка на регионите во Етиопија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Етиопија

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од пет степени ја погоди Етиопија

Силен земјотрес ја погоди Етиопија

(ВИДЕО) Брод со украинска пченица стигна во Етиопија: „Испраќаме храна, испраќаме надеж

Тедрос: Мали се шансите да се спречи геноцид во Тиграј

Ана Ололовска

Бунтовниците од Тиграј се согласија на мировни разговори со етиопската Влада

Ана Ололовска