„Го обожавам GT86 затоа што „избива” од дното на пазарот со неговата цена, со голема, валкана насмевка на лицето и предлог, со својот поглед, да им приреди забава на вашите гениталии. Ова е автомобил дизајниран само за една работа – а тоа е забава”, рече Џереми Кларксон од Top Gear.
Според ова, нема ни дополнителна потреба овој автомобил да ја освои и официјалната награда, а нема ни дополнителна потреба нешто повеќе да докажува.
Според Британците, а и самиот Кларксон, овој автомобил се издвојува од останатите само по две карактеристики – ниската, достапна цена и самата посветеност на автомобилот на чистото возачко задоволство.
Одамна не се појавил автомобил кој ги задоволува овие барања, заедно.