Товарен воз, кој превезувал опасни материјали излета од шините и се запали во канадската провинција Саскачеван.
Во несреќата нема повредени луѓе, соопшти канадската Национална железничка компанија.
Локалните власти наредија евакуација на жителите од реонот на несреќата.
Возот имал 100 вагони од кои 26 излетале од шини. Според очевидци, по експлозијата на цистерна се запалиле околу 12 вагони.
Железничката компанија посочи дека во некои од вагоните се транспортирале солна киселина и нафтен дериват.
На местото на несреќата испратени се пожарникари и екипи за справување со опасни материјали.