Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Од:

Најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени во силно торнадо што денеска го погоди јужниот кинески град Гуангжу, јави кинескиот јавен сервис CGTN.

Сеизмолошкиот институт соопшти дека торнадото било на ниво 3, што е две нивоа под највисокото, а истрагата за материјалната штета е во тек, објави државната новинска агенција Ксинхуа.

Метеоролошката станица во селото Лијангтиан во округот Бајин, на околу три километри од местото каде што потекнува торнадото, попладнево забележа максимален удар на ветер од 20,6 метри во секунда.

Претходно во текот на денот, градските власти издадоа предупредувања за можна појава на грмотевици, дожд, град и торнада во многу окрузи.

Би можело да ве интересира

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

Кина воведува царини за Канада

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна