Каталонскиот лидер Квим Тора изјави дека ќе му порача на шпанскиот премиер Педро Санчес дека единствено решение за политичката криза е гласање за сецесија на Каталонија со дозвола од Шпанија.
– Ќе одиме на состанок со шпанскиот премиер подготвени да разговараме за главните прашања…, а тоа е правото на самоопределување на Каталонија. Нема да се откажеме од тоа, истакна Тора.
Средбата на Санчес и Тора е предвидена на 9 јули во Мадрид. Тоа ќе биде прв состанок на шефовите на шпанската и каталонската Влада по незаконски спроведениот референдум за сецесија на Каталонија.