Топлотен бран ја зафати Западна Европа

Од:

Летните температури во неколку европски држави се необично високи.  Во последните денови жешка воздушна маса од Африка се придвижи кон север поради што се зголемија температурите во Шпанија, во Португалија, во Велика Британија и во Франција.

Во Париз се очекува попладне температурата да се искачи на 39 степени Целзиусови откако во југозападна Франција беа измерени 42 степени, а во јужниот шпански град Кордоба – 44 степени.

Во Париз се отворени специјални климатизирани простории и се проверува како возрасните жители ја поднесуваат горештината. Во 2003 година илјадници луѓе починаа поради топлотниот бран.

Британските и италијанските власти исто така се подготвуваат за топлотниот бран.

Би можело да ве интересира

Мерц: Разговорите со Франција и Велика Британија за споделување нуклеарно оружје не како замена за заштитата на САД

Лавров: Зеленски стана нацист, а Европа сака борбите да продолжат

Трамп: Треба повеќе да се грижиме за мигрантите, да не завршиме како Европа

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Орбан: Европа не е тоа што беше, иднината е во другите региони

„Билд“: Американските војници се повлекуваат од Европа