Гледачите на емисијата Top Gear наскоро ги очекува вистинско изненадување – специјално двд издание посветено на изборот за најлош автомобил на светот на сите времиња.
Ако ви недостасуваа Џереми Кларксон и неговата екипа, еве добри вести за вас. Фановите на Top Gear наскоро ќе можат на интернет да го побараат специјалното издание кое е наречено “Worst car in the world ever”, со оглед на тоа што двд-то со овој наслов ќе се најде во продажба на 19 ноември.
Помеѓу кандидатите за најлоши автомобили се најдоа и модели на Peugeot, Ford, Mahindra, FSO, Alfa Romeo, Citroen, Saab но и Rolls Royce и Porsche.
Новиот специјал во траење од 73 минути освен најлошите и најомразените автомобили, водителите ќе ви прикажат и некои врвни спортски модели како што е Ferrari 458 Spider, Toyota GT86, Lexus LFA и Mercedes SLS.