Тони Блер: Животот во Ирак не е онаков како што се надевав

Од:

Поранешниот британски премиер Тони Блер изјави дека животот во денешен Ирак, десет години по соборувањето на режимот на Садам Хусеин, не е онаков како што се надевал дека ќе биде.

Во интервју за Би-Би-Си, по повод десетгодишнината од американско-британската воена интервенција во Ирак, Блер вели дека земјата бележи напредок, но дека тоа не е ни блиску до она како треба да биде, мислејќи притоа на честите терористички напади.

Блер, сепак, смета дека ситуацијата во времето на Хусеин била „далеку полоша“.

Поранешниот британски премиер нагласува дека платената цена за воената интервенција со животите на Британците и на ирачките цивили е висока, но забележува дека милиони луѓе страдаа во време на „режимот на Садам“, а илјадници беа убивани, како во деловите каде живее курдското население, така и во време на ирачко-иранската војна.

Блер беше остро критикуван за неговата одлука да им се приклучи на Американците во нападот врз Багдад, а левицата во неговата Лабуристичка партија и британските либерални организации се уште го обвинуваат дека го „измамил“ Парламентот во Лондон и дека ја „лажел“ домашната јавност за да одбезбеди поддршка за воената интервенција.

Тој и порано и сега ги отфрла таквите обвинувања, тврдејќи дека политичарите понекогаш мора да носат и решенија кои се тешки, а изборот за нив грд.

– Решението за Ирак беше едно таков случај, вели Тони Блер.

Воената интервенција почна на 20 март 2003 година. Од Ирак Британците се повлекоа во април 2009 година. Вкупно 179 Британци беа убиени и загинаа во текот на тие шест години. Околу 130 загинаа во борбени операции. Кај Ирачаните се верува дека во судири и терористички напди загинале околу сто илјади луѓе.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот