Тони Блер: УКИП и Најџел Фараж не се одговорот за предизвиците на 21. век

Од:

Пораншениот британски премиер Тони Блер денеска изјави дека Партијата на независноста на Обединетото Кралство (УКИП) и нејзиниот лидер Најџел Фараж, не се одговорот за предизвиците на 21 век, ниту пак имаат решение за нив.

Во интервју за радио Би-Би-Си, Блер оцени дека ЕУ, по овие евроизбори и по подемот на евроскетичните партии, мора да подготви соодветен одговор, на тој начин што ќе престане со работите што иритираат, за да им се спротивстави на партии каква што е британската УКИП.

– Ако се тргне фасадата на УКИП, ќе се види нешто многу грдо и непријатно, рече поранешниот премиер.

Оваа евроскпетична партија, која сака Велика Британија да ја напушти ЕУ, првпат победи на европските избори по кампањата во која главната агитација беше насочена кон намалување на бројот на имигрантите од земјите на Унијата.

Според Блер, во време кога ЕУ треба максимално да зајакне, затоа што се соочува со растечките супер сили, какви што се Кина и Индија, се јавуваат политичари во земјите-членки чија основна цел е развивање на анти-ЕУ расположение и антиимиграциона политика.

– Се плашам дека тие луѓе не се подготвени за да бидат политички лидери, ниту пак да ја преземат одговорноста, вели Блер, препорачувајќи другите британски партии да не ја имитираат УКИП и нејзината позиција кон ЕУ и кон имиграцијата.

Тони Блер кој десет години беше британски премиер и 13 години лидер на Лабуристичката партија, му сугерира на актуелниот лабуристички лидер Ед Милибанд да остане цврст во определабата против референдум за напуштање на ЕУ.

Поранешниот премиер смета дека напуштањето на ЕУ би било „огромна политичка грешка“ и политика спротивна на интересите на Велика Британија.

– УКИП и Фараж мафтаат со британското знаме, но тие не ги претставуваат интересите на земјата, рече Блер во интервјуто за радио Би-Би-Си.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство