Поранешниот британски премиер Тони Блер изјави дека Западот не би требало да ја отфрла можноста за испраќање копнени трупи на Блискиот Исток, во борбата против џихадистите од Исламска држава.
– Овие луѓе убиваат безмилосно и тие се подготвени да умрат без жалење, вели Блер, објаснувајќи дека доколку нема подготвеност за борба со нив на теренот, тогаш излегува дека светот само им се спротивставува, но нема да може да ги порази.
Според поранешниот британски премиер, кај Западот нема желба за копнена интервенција против ИД, па затоа тој смета дека таа работа треба да ја преземат локалните воени сили.
– Не велам дека Западот сега треба да интервенира, туку дека е подобро тоа да го напарават обие кои се Блискиот Исток и кои се блиску до Исламска држава.
ИД тврди дека има создадено „Исламски Калифат“ во делови од североисточна Сирија и северен Ирак. Припадниците на оваа милитантна исламистичка сунитска група, претходно беа дел од сириските бунтовници кои војуваат за да го соборат од власт, претседателт Башар ал Асад.
Военото воздухопловство на САД учествува во воздушните напади против позициите на ИД, а тоа од пред извесно време го прават и француските борбени авиони.
Блер смета дека можеби е подобро,копнената интервенција да ја предводат регионалните воени сили,но инсистира дека Западот не би требало целосно да го исклучи и сопственото учество во една таква операција, особено што „има сила тоа да се изведе“.
Тони Блер беше десет годиии премиер на Велика Британија, кога на крајот од јуни 2007 година, се повлече од Даунинг стрит 10. Од тогаш ја има улогата на мировен пратеник на Блискиот Исток за меѓународната „четворка“-ОН, САД, ЕУ и Русија.