Тони Блер: Напуштањето на ЕУ е катастрофа за Велика Британија

Од:

Поранешниот британски премиер Тони Блер изјави дека ќе биде „катастрофа за Велика Британија, доколку земјата ја напушти ЕУ“. Тој ја осуди сегашната политичка стратегија на Дејвид Камерон кон Брисел, опишувајќи ја како „пукање во сопствената глава“.

Според Блер, нема апсолутно никаква потреба од една таква политика, која води кон самоизолација на земјата, кога тоа е најмалку потребно и која, во крајна линија, е штетна, бидејќи ги загрозува британските интереси.

– Премиерот Камерон има право и основа да бара промени во ЕУ, но не може тоа да го прави така што на другите во Унијата ќе им каже: Ако не ги прифатите моите барања, јас ќе си заминам, вели Блер.

Наместо тоа, поранешниот премиер, кој дест години беше во Даунинг стрит 10, сугерира останување во ЕУ и барање и наоѓање сојузници за разговорите околу потребата од реформирање на Унијата и предлозите што ги нуди Камерон.

Блер го поддржа решението на актуелениот лидер на лабуристите и на британската опозиција Ед Милибанд, затоа што го отфрли барањето за одржување референдум за напуштање на ЕУ.

Во 2004 година, како премиер, Тони Блер најави референдум за Лисабонскиот договор, но се откажа од тоа, откако првата верзија на „уставот“ на ЕУ беше отфрлена од гласачите во Франција и Холандија.

Би можело да ве интересира

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина