Тони Блер ќе биде критикуван во завршниот извештај за војната во Ирак

Од:

Поранешниот британски премиер Тони Блер ќе биде критикуван во завршниот извештај од четиригодишната јавна истрага за војната во Ирак, пишува „Дејли телеграф“.

Овој лондонски весник, близок до владејачките конзервативци, прв открива дека раководителот на јавната истрага за војната, Џон Чилкот во писмо што го испратил до актуелниот премиер Дејвид Камерон, вели дека „определени личности“ ќе бидат критикувани во извештајот.

Критиката ќе се однесува на одлуката да се испратат британските војници во воената интервенција во Ирак, заедно со САД, како и за случувањата по соборувањето на режимот на Садам Хусеин во март 2003 година, па весникот го посочува Блер, како „личноста“ кон која ќе бидат упатени главнината од критиките.

Јавната истрага на Чилкот, чиј извештај сега доцни повеќе од една година, е петтата по ред истрага која се занимава со ирачката воена интервенција, како и со досега недокажаните обвинувања во британската политичка јавност дека поранешниот премиер го „измамил“ Парламентот за да обезбеди поддршка за нападот врз Ирак.

Тони Блер во сите досегашни истраги, вклучувајќи ја и оваа на Чилкот, ги отфрлаше таквите обвинувања. Тој и порано, а и сега тврди дека било исправно соборувањето на режимот на еден тиранин кков што беше Садам Хусеин, како и дека ако сега би се нашол пред дилемата дали да се нападне Ирак, каков што беше пред десет години, тој одново би се определил за воена интервенција.

Во писмото до Камерон, раководителот на истрагата Чилкот вели дека би сакал пред да се публикува конечниот извештај, во текот на идната година, луѓето кои ќе бидат критикувани, да може да се изјаснат и да може да реагираат.

Според лондоскиот весник, Блер не би сакал да го најде судбината на поранешниот ториевски премиер Ентони Идн кој во педистетите години на 20 век беше обвинет дека го излажал Парламентот за воената интервенција во Суец.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот