Тони Блер: Би било проблем ако излеземе од ЕУ

Од:

Поранешниот британски премиер Тони Блер изјави денеска дека повлекувањето на Велика Британија од ЕУ би предизвикало големи проблеми за земјата.

Блер смета дека британско-европските односи имаат потреба од промени, но дека решението да се напушти Унијата ќе ја „намали вредноста“ на Велика Британија во светот.

Реакцијата на Блер, кој десет години беше премиер, доаѓа по минатомесечното навестување на актуелниот премиер Дејвид Камерон дека по 2015 година ќе организира референдум во Велика Британија за напуштање на ЕУ, доколку неговата Конзервативна партија победи на изборите за нешто повеќе од две години. Во својата елаборација на идните односи на Лондон со Брисел, Камерон ја промовираше и најавата за нови британско-европски преговори околу идниот статус на земјата.

Ваквото навестување уследи по силниот притисок што врз него го вршат партиската десница и ториевските евроскпетици, околу повлекувањата на овластувањата што Лондон веќе му ги има префрлено на Брисел, како и за напуштање на Унијата. Камерон навести дека референдумот би се одржал до 2018 година.

Тони Блер, меѓутоа, предупредува на незавидната ситуација што веќе сега постои во меѓународната заедница и посебно меѓу европските партнери. – Во ЕУ постојано ме прашуваат за тоа дали Велика Британија ќе замине, а јас не можам да им кажам дали прашањето е веќе решено, изјави поранесниот премиер Блер.

Во интервју за Би-БиСи, тој за прв пат јавно призна дека се среќава и разговара, не само со сегашниот лабуристички лидер Ед Милибанд, чиј избор Блер не го подржаше, туку и со премиерот Камерон, но не објани кои се прашањата за кои разговарале поранешниот и сегашниот премиер.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он