Токисчен облак над бразилскиот град Сантос

Од:

Над најголемот бразилско пристаниште Сантос се надвисна облак од токсичен гас, предизвикан од експлозија во скалдиште на една хемиска фабрика.

Градоначачникот на Сантос, Марио Антонета де Брито апелираше до неговите сограѓани да останат во своите домови и да не се изложуваат на дождот од токсличниот облак, бидејќи тој содржи „хемиски елемнти кои би можеле да предизвикаат изгореници на кожата“.

Според претставници на фабриката „Локалфрио“, експлозијата настанала кога контејнери со киселина и средства за дезинфекција „дошле во допир со дожд, што предизвикало хемиска реакција“.

Како што јави Би-Би-Си, по експлозијата спорведена е евакуација на вработените во фабриката и на жителите на околките куќи.

Неколку лица побарале лекарска помош, жалејќи се на проблеми со дишењето.

Претставничка на компанијата, која се занимава со производство на хемикалии за ладење, изјави дека контејнерите во кои настанала експлозијата содржеле солна киселина и натриум дихлороизоцијанурат, средство кое се користи за чистење и дезинфекција.

Според неа, водата од дождот дошла во допир со хемикалиите во контејнерите, што преизвикало хемиска реакција и експлозија, при која е ослободен токсичниот гас.

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски