Токио објави дека нема да отстапи пред тероризмот, но може да плати откуп за заложниците

Од:

Јапонската Влада денеска објави дека нема да отстапи пред тероризмот, откако групата „Исламска држава“ се закани со егзекуција на двајца Јапонци за кои тврди дека ги држи во заложништво.

Групата „Исламска држава“ претходо објави видео со барање за откуп од 200 милиони долари за двајца јапонски заложници. ИД се заканува со убиство на заложниците доколку парите не бидат исплатени во рок од 72 часа. На објавеното видео се наоѓаат двајца заложници, кои џихадистите ги идентификуваат како Кенџи Гото Џого и Харуна Јакова, пренесува БТА.

– Ставот на земјата е да се бори против тероризмот, без да отстапува и тоа останува непроменето, изјави владиниот портпарол Јошихиде Суга на прес конференција по објавувањето на видео записот, чија автентичност се истражува.

Суга изрази уверува дека јапонската влада е подготвена да направи се што е можно, за да бидат ослободени киднапираните Јапонци, што е можно побрзо.

– Не ја исклучуваме можноста за нив да биде платена бараната сума, во моментот се разгледува и таа можност, нагласи Суга, додеавајќи дека разговарал со премиерот Шинзо Абе, кој се наоѓа во посета на палестинските територии.

Јапонскиот премиер изјавил дека Јапонија ќе дејстува врз основа на верувањето дека човечкиот живот е приоритет.

Во канцеларијата на премиерот во Токио е отворен кризен штаб поради ситуацијата. Негова задача е собирање информации по дипломатски пат.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови