Јапонскиот производител на автомобили „Тојота“ во првите шест месеци од годинава продаде 4,97 милиони возила ширум светот, со што би можела да го преземе тронот од „Џенерал моторс“ (ГМ) како водечки светски производител на автомобили.
Најновите податоци укажуваат на силно зајакнување на „Тојота“ по слабата продажба и отпорноста на нејзините марки врз новите пазари, како Кина и Југоисточна Азија.
Минатогодишниот земјотрес и цунами го нарушија синџирот на снабдување со делови и доведеа до прекин на работата во фабриките „Тојота“ во земјата и странство.
Подоцна следеше нов удар во вид на поплави на Тајланд, кои ја нарушија работата на погоните во кои се прават делови за возилата на „Тојота“.