Тојота највреден бренд во светот на автомобилите

Од:

„Тојота“ успеа да ја одбрани титулата на највреден светски автомобилски бренд, објавено е во Извештајот на реномираната бренд консалтинг куќата „Интербренд“.

Во категорија од 100 најдобри светски брендови, „Тојота“ го зазеде високото десетто место. Тоа не е никакво изненадување со оглед на тоа и дека претходните години „Тојота“ беше високо рангирана по прашањата на брендинг и вредност на компанијата. Оваа година вредноста на јапонскиот бренд се зголеми за девет проценти што е сосема доволно за ваков резултат.

Како што се наведува во образложеито, „Тојота“ ја зазема оваа висока позиција првенствено благодарејќи на лојалноста на купувачите и на постојаните напори кои компанијата ги вложува со пријателскиот однос кон природата. Најголема заслуга за тоа има електричниот модел „Приус“, кој успеа да ја зацврсти довербата на купувачите во „Тојота“. И иако голем број возачи се враќаат на „Тојота“, компанијата многу работи на привлекување млади генерации преку популарни цени и одржување на истите кога ќе дојде време стариот автомобил да се замени со нов, се истакнува во образложението.

„Тојота“ во јуни ја доби и наградата за „најзелен“ бренд во автомобилската индустрија. Инаку вредноста на самиот бренд проценета е на 30,28 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

„Хјундаи“: Сите наши возила се со ист квалитет

Емир Латифовиќ

„Киа“ ги објави првите фотографии на новиот „Соренто“

Емир Латифовиќ

Доаѓа освежениот Citoren C3

Емир Латифовиќ

GMC отвора 2.600 работни места во Бразил

Емир Латифовиќ

Нов концепт од Honda наречен Gear

Емир Латифовиќ

Top Gear се враќа

Емир Латифовиќ