Елис Томас е регионална директорка на Вомен интернешенел на западот на земјата, во чија надлежност се Сент Џејмс, Хановер, Вестморленд и Трилауни, која открива дека многу луѓе категорично одбиваат да пријават случаи на сексуална злоупотребна врз момчиња, затоа што веруваат дека момчињата ќе бидат засрамени во заедницата која ја слави идејата за мажественост кај мажите.
„Нашите момчиња се под сериозна закана, и физичка и психолошка“, вели Томас.
„Многу често молчиме затоа што кога ќе слушнеме дека некое момче било малтретирано, а живееме во таа средина и луѓето се познаваат, полошо е кога се зборува за тоа отколку ако девојче биде нападнато, па затоа молчиме затоа што е тоа голем срам“.
Томас вели дека молчењето се покажало како травматично за жртвите, затоа што тоа им овозможува на извршителите да подолжат да ги напаствуваат овие момчиња, затоа што луѓето сметаат дека е голем срам ако се зборува за тоа.
„Но, јас ги охрабрувам да зборуваат, затоа што ќога ќе прозборите, отворено ја изложувате ситуацијата па таа повеќе не е тајна и извршителите ја губат моќта врз жртвите“, вели Томас.
Таа тврди дека зафаќањето со проблемот во јавноста ќе овозможи релевантни интервенции за справување со заканите и за опоравување на жртвите и нивно враќање во основна фунција во општеството.
Томас вели дека во првата четвртина од годинава во нејзината канцеларија нема пријавени сексуални или физички злоупотреби врз момчиња, но сепак истражувањата и информации добиени од други извори наведуваат дека момчиња сепак биле напаѓани.
Вели и дека излегува дека на многу повисоко ниво се нападите врз девојчиња и жени, и дека многу случаи погрешно биле пријавени кај неа, а се поврзани со девојчиња и случаи кои требало да бидат пријавени во Чајлд девелопмен ејџенси, затоа што нејзината организација се занимава само со случаи на лица со наполнети 18 години и повеќе.
Томас го обвинува зголемениот број на напади на морална основа, каде Бог се одзема од животот на луѓето и во песни се слави насилството, кое потоа се прифаќа и игра улога во реалниот живот.
– Откривме дека некои момчиња и мажи се веќе мртви, па затоа злосторниците ќе продолжат да повредуваат и убиваат без никаква обзирност кон светот, вели Томас. „
Тоа се вкорени… тие сметаат дека е нормално да се прави ова и во многу случаи се извлекуваат без казна“. Томас уште смета и дека многу деца не одат на сабат (саботни) или неделни верски предавања, каде моралните вредности и ставови се учат и потврдуваат, па затоа растат без каква било морална насоченост.
Вели и дека мажите и момчињата се извршители на сексуална злоупотреба и насилство врз жените, но некои жени дури и го прифаќаат ова насилно однесување на мажите и момчињата.
„Сексуалната злоупотреба е доминантна, и некои жени го прифаќаат овој груб третман кон нив. Тие вербално го кажуваат тоа во разговори со нивните врсници и во песни: жените молат да дојдете и да ги повредите. Тие сакаат груб, насилен третман, па затоа мажите се психолошки и вербално предизвикани да им го дадат тоа што го сакаат“, рече Томас.
Џамејка глинер – Кингстон Јамајка