Тивката револуција во Северна Кореја

Од:

Би-Би-Си редакција на руски јазик – Лондон

Северна Кореја не се стеснува да искажува мислења со висок тон – гласно осудува, бучно протестира и исто така бучно се заканува. Непроменето, уште од 1945 година, кога Црвената армија го извлече северниот дел од Корејскиот Полуорстров од контролата на Јапонија. Но денес во земјата се случува нешто кое претходно не можеше да се види – се има впечаток дека во земјата се развива капитализам, иако тоа се случува многу, многу тивко.

Ким Јонг-ун внимателно гледа кон север – кон она што се случува зад границата со Кина, и јавно одлучил дека пазарните реформи по моделот на неговите партиски другари од Пекинг можат да го подигнат животниот стандард на неговиот народ, истовремено зачувувајќи ја денешната државна структура.

Како прв чекор беше сознанието за потребата од зајакнување на селското стопанство. По гладта од 90-ите, Ким Јонг-ил – таткото на денешниот лидер, им дозволи на селаните самите да си располагаат со дел од произведената храна. Им беше дозволено да организираат кооперативни стопанства и да ја обработуваат земјата за сопствена полза – она што ќе го посеат, тоа и да го ожнеат. Нормално, државата им зема дел од реколтата, но истото го прави секоја друга држава: таму тоа го нарекуваат даночна обврска.

Во моментов тече втората фаза од процесот, наречена „Мерките од 30-ти мај“ – тие беа воведени минатата пролет, без никакви фанфари.

Што да се смета за приватен бизнис?

Професорот Андреј Ланков од Универзитетот Кукмин во Сеул, за Би-Би-Си вели дека во Северна Кореја веќе постојат капиталистички претпријатија, иако таму поинаку се нарекуваат. Формално, тие се во државна сопственост, но дефакто менаџерите само преземаат мерки за зголемување на рентабилноста и можат самите да располагаат со лавовски дел од производството.

– Владата никогаш јавно не ги поддржувала тие претпријатија, ниту пак признала дека постојат. Меѓу нив има и големи – големи автобуски фирми, приватни рудници и приватни претпријатија за производство на злато, раскажува Ланков.

На пример, во еден државен, но всушност приватен рудник за јаглен, управителите ангажираат и пополниваат персонал, земаат кредити за развој на производството, договараат извоз за Кина. Дел од приходите го оставаат за себе, другиот и го даваат на државата.

На хартија постои некаква управителска служба, правоовластена да извезува јаглен за Кина. Таа всушност нема никаква претстава како да дојде до тој јаглен, како да ја организира работата во рудникот и како да пробива нови окна. Затоа „изнајмуваат“ некој локален богаташ кој инвестира свои средства во производството.

Управителот ангажира рудари, инженери, плаќа за опремата од сопствен џеб, и тн. Производството се извезува во Кина. А заработувачката се дели меѓу државата, која го отворила правниот „чадор“, и менаџерот, кој ја обезбедува дејноста во рудникот и ги презема сите тековни работи.

– Дали е тоа приватно претпријатие? Според мене, да, заклучува Ланков.

„Малку веројатна идеја“

Впрочем, некои сметаат дека во Северна Кореја се развива капитализам. Државното раководство е принудено на крај да го признае пазарниот капитализам како е едииствен начин да се гради ефикасна економија.

Според Ланков, во „Мерките од 30-ти мај“ се посочува дека управителите на фирмите формално се државни службеници, но фактички ја имаат истата слобода како повеќето шефови на компании во традиционалните пазарни општества.

– Дозволено им е да купуваат суровини на пазарот, дозволено им е – па дури и се должни-  да го продаваат на пазарот своето производство. Задолжени се да ги одржуваат во извесно ниво платите во претрпријатието – што на крајот на краиштата не е сосема различно од вообичаениот за нас данок на заработувачката или од корпоративниот данок, вели експертот.

Тешко е да се поверува, но токму кога студените односи помеѓу двете Кореи сосема се замрзнати, во Пхенјан беше отворена бизнис школа.

Основачот на школата е Феликс Абт – швајцарси бнзнисмен и претседател на неколку западни компании во Северна Кореја.

– Сето тоа не изгледа многу веројатно, но навистина се случува. Започнавме во 2002 година кога во земјата имаше недостиг на храна, раскажува Абт. „Повеќето севернокорејци беа без работа, немаа никаков приход. Решивме да ги научиме како да управуваат со производството, да го направат ефективно. Се појави потреба да научат што е пазарна стратегија, како да се организира служба за работа со клиенти, како да управуваат со финансиски текови“.

Соработка – или не?

Но останува едно големо прашање: како да се соочиме со резултатите од соработката со Северна Кореја и со моралната нелагодност од фактот дека го продржуваме тој крајно непријатен режим?

Според Феликс Абт, едното не му пречи на другото – ако не развивате соработка со некоја земја, најчесто и немате можност да влијаете врз локалните луѓе.

– Која е алтернативата? Да фрлиме атомска бомба врз нив? Да ја изолираме земјата до таму што населението ќе изумре од глад? За мене најдобрата варијанта е да ги подржиме столбовите на пазарната економија со инвестици и соработка. Пазарните сили се најмоќниот лост за промени. Треба да работиме со сите. Треба да соработуваме и со обичните луѓе и со владата, додава швајцарскиот бизнисмен.

Оправдан ли е ризикот?

Властите во Пјонгјанг се исправени пред два проблеми. Прво, гладта која ја подгоди земјата помеѓу 1994 и 1998 година, очигледно ги демонстрира недостатоците во комунистичкиот економски модел. Второ, околниот свет се почесто ја пробив севернокорејската информациска завеса. Официјалните медиуми, а тоа се зане, можат да ја нарекуваат Јужна Кореја „американска курва“ омаловажувајчи ги нејзините економски достигнувања.

Но Кина – најблиската соседна држава и единствениот сојузник, продолжува со својот силен развој. Десетици илјади кинески туристи доаѓаат во Северна Кореја, ја покажуваат без сопирање својата дизајнирана облека и скапите фотографски апарати. И Ким Чен-ун неизбежно увидел дека кинеската варијанта за развој, со задржување на политичката контрола и истовремено омекнувајќи ги економските регулативи, сепак не би довел до паѓање на режимот. Но таквата политика може да стане опасна игра за режимот.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт