Тинејџерка во Бразил починала од струен удар, кој го добила од слушлките за телефон кои ги имала на ушите, додека телефонот се полнел.
Седумнаесетгодишното девојче било пронајдено од нејзините родители на подот на собата покрај уништениот телефон и стопените слушалки во ушите. Таа била однесена на болница, но докторите не можеле да помогнат.
– Семејството верува дека струјниот удар е предизвикан од полнењето на телефонот. Во болничкиот извештај се наведува дека девојката била примена половина час по инцидентот. Роднините изјави дека починала од струен удар, но тоа треба да се потврди, изјавија од болницата.