Тим Фарон: Брегзит ќе покрене расизам, нетолеранција и омраза

Од:

Лидерот на британската Либералдемократска партија Тим Фарон предупреди дека Брегзит може да покрене расизам, нетолеранција и омраза во Велика Британија, но и во Европа.

Фарон повика да не им се дозволи на лидерот во заминување на Партијата за независноста на Обединетото Кралство (УКИП) Најџел Фараж, на лидерот на францускиот крајно десничарски Национален Фронт Марин Ле Пен и на „таквите како нив“ да им ја диктираат политиката на лугето.

Либералдемократите се решени да ја продолжат кампањата за членство на Британија во ЕУ, без разлика на одлуката на Британците, да се излезе од Унијата.

– Референдумот од 23 јуни ја остави земјата длабоко поделена, а сега се сооочуваме со заканата да им се остави на злонамерните (како Фараж и Ле Пен) да ги грабнат за себе резултатите од референдумското изјаснување,  вели Тим Фарон.

Голем број традиционални либералдемократски гласачи, гласаа за Брегзит, но лидерот на оваа партија тврди дека најголемиот број од нив, сега се плашат оти Фараж „и тие како него„ бараат потврда дека резултатот на референдумот е одраз на поддршката што луѓето им ја даваат на нетолеранцијата, омразата и ограниченоста.

По референдумот во Британија е повлечена линија меѓу толерантниот либерализам и нетолерантниот национализам и со таа реалност земјата ќе се среќава понатаму, смета овој британски политичар.
Фарон навести дека на следните парламентарни избори, партијата ќе агитира за членство на Британија во ЕУ и побара од владата да ги задржи во земјата сите Европејци кои сега живеат и работат во земјата.

Премиерот Тереза Меј претходно изјави дека тоа ќе зависи од односот на ЕУ кон Британците кои се населени во земјите членки на Унијата.

Марин Ле Пен ја смета одлуката на Британците да излезат од ЕУ за најзначајниот момент во Европа, по падот на Берлинскиот ѕид и му честиташе на лидерот на УКИП во заминување на „големата победа“.

Најџел Фараж меѓутоа инсистира дека УКИП „нема врски“ со партијата на Ле Пен, за која вели дека е расистичка и тврди дека Британците „одново станале слободни“.

Би можело да ве интересира

Барние: Британија отфрла секакво одложување на Брегзит

Ана Ололовска

Почнува клучната фаза од преговорите за Брегзит

Ана Ололовска

Зајберт: Меркел и Џонсон набрзо ќе разговараат за Брегзит

А1он

Шкотска е подготвена да поддржи секого кој е против Брегзит

А1он

Нема судење за Џонсон поради „лажењето за Брегзит“

А1он

Хамонд: Брегзит-от без договор ќе биде спречен

А1он